Груби: Со албанскиот јазик нема компромис

by Fokus

Поранешниот прв вицепремиер и висок функционер на ДУИ, Артан Груби, вечерва ги пофали албанските интелектуалци за писмото кое го испратија до Уставниот суд, во кое предупредуваат да не се „укинува“ Законот за јазици и да се внимава со одлуките за да не се наруши
меѓуетничката кохезија во државата.

„Ја поздравувам академската и националната храброст на албанските интелектуалци против систематските тенденции да се поништат сите национални достигнувања во однос на еднаквоста во Северна Македонија. Истата загриженост, изразена во писмото, ја споделуваат и студентите, учениците, граѓаните и сите Албанци, без исклучок.

Политичките аматерски акробации, има закон – нема закон, ваков суд – таков суд, не доведоа до оваа етапа, која своето потекло го има во непочитувањето на волјата на граѓаните на изборите на 8 мај од страна на мандатарот и безусловното прифаќање на улогата на потчинет
од страна на губитниците во изборите.

Ние и вие зборуваме албански јазик! Со албанскиот јазик нема компромис, нема политика, нема партија, само нација!“, напиша Груби на Фејсбук.

Поврзани новости