538
-Сметам дека оваа компромитација на овој систем не успеа да најде соодветен одговор од страна на институциите, посебно обвинителството, кое мораше да постапи поригорозно, подиректно, поефикасно за да се врати целиот систем во нормала. Идејата за основање на СЈО беше да ги истражува сите индиции што потекнуваа од тие прислушувани материјали и основавме институција за тие прислушувани материјали да добијат институционален епилог во СЈО, а не тоа да го гледаме секојдневно по социјални мрежи или пак, тргувања на каков било начин. Тоа е неприфатливо – потенцира Груби.
Тој изрази надеж дека институциите, како што вели, ќе ја завршат својата работа на најдобар и најтранспарентен можен начин.