Груби се жали на притворот

by Fokus

Најави дека ќе се врати во земјава, дека е чист како солза, но Артан Груби единствено што направи од странство е што побарал укинување на притворот.

Неговиот адвокат поднел жалба на мерката притвор од 30 дена која му ја одреди скопскиот Кривичен суд.

Според најавите на бранителот на екс директорот на Државна Лотарија – Прпарим Бајрами и тој ќе бара укинување на мерката притвор затоа што, како што тврди, тој не е избеган, туку живее и работи речиси половина година во друга држава.

Македонското МВР е во комуникација со косовското МВР, па ако биде приведен Груби, Македонија ќе почне постапка за екстрадиција.

Груби бил ставен на т.н. стоп листа „задржи и извести“, но сепак ја помина границата без да биде задржан.

Полицецот кој го пропушти Груби без да направи соодветна проверка и кој го завел како пешак е суспендиран од работното место.

Поврзани новости