Во првите реакции на социјалните мрежи поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците покажуваат дека не се многу ентузијасти и не се многу среќни за постигнувањето на Коалицијата 27, истакна првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан груби.
– Тоа е така затоа што беше постигната на 27-ми овој месец и наликува на еден друг неславен 27-ми во историјата помеѓу тие две политички партии. Им посакувам многу успех, и се надевам дека гласачите на Алијанса со цел ентузијазам ќе гласаат за Никола Груевски, всушност за Христијан Мицкоски. Исто така, гласачите на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат со цел ентузијазам и цело срце за Зијадин Села низ сите општини каде ќе се натпреваруваат. Очекувам да го објават договорот и да ги видам реакциите на нивните гласачи. Жалам што не поддржува да нема лева и десна страна на Вардар, да се развива како едно Скопје, туку се постројува зад Скопје 2014. Впрочем и денешната албанска опозиција беше автор на Скопје 2014 во 2007 година во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, така што ова е продолжение на целата романса на моноетнички проекти, посочи Груби.