500
Пратеникот од ДУИ Артан Груби смета дека владината реконструкција ја прави посилна владата, која се роди по политичката криза и парламентарните избори.
-Оваа влада изгласана со 62 гласа после низа блоакди и опструкции ја врати довербата кон институциите. Владата ја заврши политичката криза и тоа беше главна вест од Брисел. Оваа влада го заокружи Окридскиот Рамковен договор што го потпишаа сите партии. Ги предложи до собранието сите итни реформски приоритети на Прибе и Европската комисија. Се избраа нови уставни судии, нов јавен обвинител… – истакна Груби.
Пред да почне да говори, тој истакна дека сака да ја пофали владата, но не ги гледа присутни министрите, а спикерот Талат Џафери ги повика да влезат во пленарната сала.