54
Во ДУИ се размислува по изборите да се бара прво да се гласаат уставните измени за внесување на Бугарите во Преамбулата, а потоа да се оди на формирање влада – вели вицепремиерот Артан Груби во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, прашан за тоа на каков начин му пристапуваат на прашањето за уставните измени и формирањето идна влада.
„Разговараме во моментов дека слично како и во 2011 година, не знам дали се сеќавате, кога некои тешки одлуки се донесоа откако се конституираше Собранието, а пред да се формира владата, како што беше автентичното толкување на законот за амнестија и законот за јазици, истото да се повтори и по овие избори – пред да се формира која било влада, да се изгласаат уставните измени“, рече Груби.