Првиот потпретседател на Владата, Артан Груби денеска ја отвори Годишната владина конференција. Тој пред присутните во својот говор рече дека во текот на годините државата се соочувала со повеќе предизвици кои имаат само еден заеднички центар на нестабилност а тоа е Русија, додавајќи дека денес сме партнери на НАТО, имаме отворени врати во секоја земја во светот, во секоја светска институција, а само Европскиот фронт става крај на руското влијание во нашата земја.
„Низ годините нашата земја се соочува со повеќе предизвици кои имаат само еден заеднички центар на нестабилност, а тоа е Русија. Ова го велам затоа што и за време на нередите во Собранието таму имавме Русин кој ја поттикна целата ситуација, за линч на пратениците и новиот собраниски спикер. Имаше изјави и од Лавров, Путин и Захарова. Путин дури поттикна и меѓуетнички тензии и конфликти во нашата земја. Со овие изјави се виде дека истите биле против договорот од Преспа, против било каков договор во корист на државата, затоа и не сакале да го затворат 10-годишниот спор со нашиот сосед Р. Грција“ рече Груби.
Според него, „кризата, агресијата и војната имаат само едно име, една адреса, а тоа е Русија. Русија со своите елементи поттикна протести и конфликтни ситуации кај нас“.
„Имаме руски експоненти насекаде, да го нарушат доброто функционирање на оваа Влада и доброто пријателство со сите наши сојузници, затпа со Европскиот фронт ги здружуваме силите и го чуваме она што го создадовме со наши напори, соработуваме за да изградиме подобра иднина, подобра држава за сите нас. Значи, нашата земја е партнер на НАТО, имаме отворени врати во секоја земја во светот, во секоја светска институција, така што само Европскиот фронт става крај на руското влијание во нашата земја“ вели тој.