На попладневната седница на Комисијата на прашањата и именувањата, тема на расправа ќе бидат и барањата за апанажа на функционерите. На 36 поранешни пратеници веќе им се одобрени барањата, кои во наредните 12 месеци ќе добиваат надомест до 2000 евра.
Од владините министри дека бараат апанажа потврдуваат екс министерот за образование Јетон Шакири, кој министерската функција ја презеде како директор на јавно претпријатие во општината Струга, поради што не може да се врати на истата работа. Апанажа побарал и вицепремиерот Бојан Маричиќ, кој си дал отказ на претходното работно место.
Најавено е дека нема да бараат апанажа поранешниот премиер Димитар Ковачевски, вицепремиерката Славица Грковска, како и поранешните министри – Бујар Османи, Артан Груби, Азир Алиу, Ристо Пенов и Каја Шукова. Фатмир Бесими и Крешник Бектеши се’ уште не се изјасниле дали ќе бараат апанажа.