Груби: Предвремени парламентарни избори во 2024 година, граѓаните не сакаат авантури!

by Fokus

За мене во првите 100 дена од оваа Влада најважното е стабилноста. Во тешки времиња за нашата земја и за регионот и светот, граѓаните бараат Влада што е стабилна, има нагласено партнерство со НАТО, со ЕУ и со САД. Влада која раководи со прогресивна коалиција и одговара на потребите на граѓаните, а не владина коалиција раководена од една партија, што смета дека руската агресија во Украина е легитимна и правилна.

Ова го нагласи првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби во излагањето на денешниот форум „100 дена од мандатот на новата Влада на Република Македонија”.

ДУИ, како учесник во оваа коалиција, информира Груби, смета дека предвремени парламентарни избори може да се одржат во април 2024 година, заедно со претседателските избори.

– ДУИ како дел од оваа коалиција го поддржува силно парламентарното мнозинство и владината коалиција и овде сме да ги реализираме овие проекти. На граѓаните не им требаат авантури, им треба одговорна, социјална Влада, која ги слуша граѓаните и ги реализира нивните барања, е порака што ја упати Груби на денешниот Форум.

Поврзани новости