624
Присутните граѓани на вечерашниот митинг не се дојдени под притисок, изјави вицепремиерот Артан Груби за Телма пред митингот кој треба да се одржи во Чаир.
За да докаже дека присутните не се дојдени на сила тој за ракав повлече двајца и ги праша, „дали сте дојдени под притисок?“, на што двајцата граѓани, негираа и рекоа дека слободно сами избрале да дојдат.
-Апсурдно е ова. Ние немаме администрација, државната администрација е многу мала. Општината има администрација, значи школите, амбулантите, забавиштата, општинските администрации – рече Груби.
На прашањето зошто не се поканети ниту еден од групата „Огнени“ , Груби рече дека сите биле поканети на вечерашниот собир, по што додаде „Никој не се кани во свој дом“.