491
Првиот вицепремиер Артан Груби вели дека е неопходно да се спроведе ветинг во обвинителството, судството и политиката, откако американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер рече дека САД се збунети од изборот на Ислам Абази за шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
-Внимателно ја слушав изјавата и мојот коментар е дека треба да има ветинг на сите нивоа на обвинителството, судството и политиката. Немам што да се согласувам или да не се согласувам со изјавите, но ви велам дека политиката на ДУИ беше, односно е да има ветинг на сите нивоа, почнувајќи од политичарите, па потоа продолжувајќи со судиите и обвинителите, рече Артан Груби пред почетокот на денешната седница на претседателството на партијата.