Да, има вистина дека има француска иницијатива, за да седнат на маса, за да се надминат сите разлики на начин што наредните месеци на 2022 година, напролет, да се одржи првата меѓувладина конференција, рече Груби.
Постои француска иницијатива за решавање на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија, изјави првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.
– Ние ги поднесовме одговорите кон сите прашања што ги има поднесено Бугарија во најконструктивна можна форма и чекаме новите власти, претседателот Радев, новата Влада, да му пристапат на дијалогот околу овие прашања на конструктивен начин. Да постигнеме зделка која ќе ни ја отвори вратата кон ЕУ, рече Груби денеска, одговарајќи на новинарско прашање на маргините на традиционалната манифестација со која Стопанската комора на северозападна Македонија секоја година ги наградува најуспешните компании кои изминатата година оствариле позитивни резултати.
– Да, има вистина дека има француска иницијатива, за да седнат на маса, за да се надминат сите разлики на начин што наредните месеци на 2022 година, напролет, да се одржи првата меѓувладина конференција, рече Груби.
Тој додаде и дека апсолутно постои оптимизам за преговори и за добивање позитивен сигнал на декемврискиот самит на ЕУ за отпочнување на преговори за нас и за Албанија во првите месеци од следната година.
– Ние работиме, одговорите на нивните барања се веќе испратени и може да се разговара по однос на тие одговори со новата Влада во соседна Бугарија и се надевам дека конструктивно ќе пристапиме и ќе ги решиме сите отворени прашања затоа што очекуваме конструктивен пристап и од нашите бугарски колеги, рече Груби.
Прашан како ја толкува вчерашната порака од Бугарија дека нема да се промени нивниот став, Груби повтори дека се надеваат на конструктивен пристап од бугарска страна.
– Имаме нова влада која треба да се избере. Ќе комуницираме со новата влада, која е резултат од изборите коишто само што завршија во соседна Бугарија и се надеваме на тој конструктивен пристап затоа што кај нас има лодготвеност за компромис којшто е достоинствен и за нашата земја посебно за моите сограѓани Македонци, заклучи Груби.