Груби: Поблиску сме до решение за името од кога било, Уставот најтешко прашање

by fokus

Пратеникот и претседател на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека сме поблиску од кога било до решение за спорот за името со Грција.

Запрашан околу евентуалното менување на Уставот, Груби кажа дека за да дојдеме до тоа прашање, треба претходно да се решат многу други прашања. Додаде дека прашањето за Уставот е најтешкото прашање.

-Од аспект на еден Албанец, се залагаме за достоинствено решение, затоа што само така може да биде прифатливо за етничките Македонци, рече Груби.

Поврзани новости