703
Артан Груби, организацискиот секретар на ДУИ, објави дека неговата партија победила во првиот круг во Арачиново, Боговиње, Теарце, Липково и Желино.
Пред повеќе од еден час, неговиот партиски колега, Бујар Османи, изјави дека ДУИ победила во првиот круг во Сарај, Липково и Пласница.
Интересно е дека актуелен градоначалник на Арачиново е Миликије Халими, кадар на СДСМ, партијата која е коалициски партнер на ДУИ.