298
Доколку не се усвојат уставните измени парламентарните избори ќе се одржат во редовниот термин и ќе се примени одлуката за 100 дена Албанец премиер, изјави првиот вицепремиер Артан Груби, вечерва во интервју за Канал 5. Кој ќе биде премиер, како што рече Груби, ќе одлучи лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
-Засега остануваме на ставот за 100 дена премиер Албанец, освен ако ВМРО-ДПМНЕ не ги гласа уставните измени, тогаш ќе се откажеме. Во договорот за коалицирање со СДСМ стои дека кандидатот за премиер Албанец траба да биде предложен од страна на ДУИ, од страна на господинот Ахмети. Неговите одлуки за државата секогаш биле добри и сите граѓани виделе добро од нив, рече Груби.