384
Се е нормално во ДУИ, огнена група нема. Ова го вели лидерот на ДУИ, Али Ахмети во изјава за ТВ24. Очекува плодна дебата на Централното претседателство, на кое отчет треба да дадат министрите, замениците министри и државните секретари.
,,Нема огнена група како што велите вие. Ќе има дебата на Централното претседателство. Артан Груби ќе остане шеф на мојот кабинет”, вели Ахмети.
Огнените пак, бараат суштинска дебата, во спротивно, не се исклучува можноста за фракција во партијата.