Груби: Од медиумите дознав за одлуката на Стејт департментот, засегнат сум лично

by Fokus

Во отсуство на детални информации, од медиумите дознав за денешната одлука на Стејт департментот, се огласи Артан Груби по неговото именување на црната листа на САД.

„Како човек кој мојот јавен живот го посветив на заштита на западните демократски вредности и кој секогаш работев напорно за членството на земјата во НАТО и во Европската Унија, оваа одлука ме засега директно и лично.

Ќе се ангажирам со сета своја посветеност и максимално, заедно со нашите пријатели и партнери, со кои ја споделувавме визијата и работевме низ годините за интеграција на земјата во евроатлантските структури, целосно да го обелиме ова прашање. Транспарентноста и посветеноста на демократските вредности и понатаму ќе бидат главен столб на секое мое дејствување“ напиша Груби на Фејсбук.

Стејт департментот вечерва објави дека екс вицепремиерот Артан Груби и неговото потесно семејство, како и судијата Енвер Беџети се ставени на црната листа на САД.

Се огласи и американската амбасадорка Анџела Агелер, која порача дека нема да се толерира политичко мешање во судските одлуки и дека никој не е над законот.

Поврзани новости