Груби: Ниту Мицкоски, ниту свети Мицко ќе може да го запре овој проект

by Fokus

Првиот вицепремиер Артан Груби денеска во Прилеп по повод поставувањето камен-темелник за изградбата на автопатот Прилеп – Битола од Коридорот 10д, порача дека е дојден крајот на заложништвото на иднината на граѓаните и на блокадата на европското интегрирање на државата.

„Фактот дека сите министри и апсолутното мнозинство на пратениците стојат зад овој проект, е најголема гаранција за сите граѓани дека ниту Мицкоски, ниту свети Мицко ќе може да го запре овој проект. Овој проект продолжува и сите влади, а следната ќе биде истата како денес, ќе го заврши овој проект и ќе ги пресече лентите. Тоа што го гледате денес во Собранието и тоа што пред една недела го направи Владата на седница, е порака дека е дојден крајот на заложништвото на Собранието, на проектите и на иднината на граѓаните и на Северна Македонија. Оваа владина коалиција и ова парламентарно мнозинство, од минатиот петок демонстрира што значи да се стави крај на апсолутната блокада и заложништво на иднината на граѓаните. Тоа нема да се толерира и се демонстрира дека е дојден крај“ порача Груби.

Тој испрати порака и во однос на македонскиот евроинтеграцискиот процес.

„Така како што демонстриравме дека е дојден крај на заложнштвото и блокадата, така од денес, при изградбата на вакви инфраструктурни проекти, упатувам порака дека е дојдено време да ставиме крај на блокадата на нашето европско интегрирање. Тој проект е почнат со партнерите од коалицијата и никој нема да му застане на патот“ – рече Груби.

Поврзани новости