Груби: Нема да има смена на министри од ДУИ

by Fokus

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби во вечерашното гостување во емисијата #ClickPlus на ТВ21 рече дека нема да има смена на министри од ДУИ.

После саботната средба на новото претседателство на ДУИ, Груби вели дека имало конструктивна дебата и дека е посебно среќен што е дел на како што вели, од политичката академија ДУИ, каде 10 часа се дискутирало за економски проекти.

-Да имаше сериозна дебата. Имаше критики за Владата, но на крај ДУИ излезе посилна. Ахмети кажа веќе не постои “Огнена група“ и нема да има промена во составот на министрите од редовите на ДУИ“, изјави Груби.

 

Поврзани новости