ДУИ имаат црвени линии за коалицирање со оние што не го почитуваат Охридскиот рамковен договор и што се против евроатлансктие интеграции на земјава, изјави првиот вицепремиер Артан Груби во интервју за Канал 5. Тој не ја исклучува можноста да коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ доколку ги прифатат уставните измени пред изборите или веднаш по изборите.
-Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ќе ги гласаат уставните измени по изборите, но ниту еден од нашите стратешки партнери не верува во тоа. Да бидам брутално искрен освен нас никој од стратешките партнери не верува дека доколку има избори ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставни измени, рече Груби.
Очекува на следните избори да победи проевропскиот фронт без разлика дали ќе одат со СДСМ со заеднички листи или не и додаде дека очекува победа на ДУИ во албанскиот блок.