Во интервју за косовската телевизија Т7 синоќа, вицепремиерот Артан Груби изјави дека со одлуката за депонирање на оставните од страна на министрите, ДУИ ѝ го отвора патот на македонската опозиција да гласа за уставните измени, а тоа е во полза на интеграциите на Македонија во ЕУ.
-Познато е дека пред два месеца имаше средба меѓу премиерот Ковачевски и опозицискиот лидер, г. Мицкоски, при што Мицкоски нагласи дека единствен услов на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за да ги гласа уставните измени, кои се услов за продолжување на нашиот европски пат, е излегувањето на ДУИ и на Албанците од македонската влада и формирањето моноетничка влада на двете главни македонски партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Значи, на опозицијата не ѝ пречи вклучувањето на Бугарите во преамбулата на Уставот, не ѝ пречи ништо друго, туку ѝ пречи Албанците да бидат во владата и ѝ пречи еднаквоста меѓу Македонците и Албанците, рече Груби.
Тој уште еднаш повтори дека „за иднината на нашата земја сме подготвени да се откажеме и од привремена влада и од премиер Албанец и од нашите мандати.“