468
Пратеникот од ДУИ, Артан Груби, го повика лидерот на НДП Весел Мемеди да размисли и да ја преиначи одлуката да го напушти парламентарното мнозинство и владината коалиција поради одлуката на премиерот Зоран Заев да му го одземе министерството за локална самоуправа и да му го додели на Горан Милевски од ЛДП.
-На Весел Мемеди му е понудено конкретно министерското место на Шапуриќ, со тоа што НДП ќе остане дел од парламентарно мнозинство. Затоа, се надевам дека во неговите одлуки ќе преовладува рационалното, а не емотивното – рече Груби.
Тој додаде дека ваквата одлука на Мемеди ќе биде во корист на НДП, но доколку донесе спротивно одлука, порача пратеникот на ДУИ, парламентарното мнозинство ќе биде стабилно.