Груби му подари кече на евроамбасадорот во заминување Жбогар

by Фокус

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Артан Груби, му подари кече на евроамбасадорот Самуел Жбогар, чиј мандат во земјава завршува.

Груби, како велат од неговиот кабинет, му посакал на Жбогар успех во понатамошната кариера и му порачал дека вратата во нашата земја му е отворена.

Од министерството соопштија дека темите на кои разговарале биле реформите, Охридскиот рамковен договор и бескомпромисната борба против корупцијата.

Поврзани новости