453
На вчерашната трибина на ДУИ во Чаир, вицепремирот Артан Груби откри дека уште кога дошол на таа позиција потпишал бланко оставка и му ја дал на лидерот Али Ахмети.
Тој рече дека доколку Ахмети одлучи дека тој треба да си оди, тој веднаш тоа ќе го направи.
-Ако Али Ахмети ми каже мене или и на Бујар Османни да си одиме, така и ќе направиме. Од првиот ден кога станав функционер му ја дадов нему оставката, неговиот збор е последен за мене, рече Груби.
Огнената група од ДУИ веќе подолго време бара Артан Груби да биде отстранет од сите партиски и владини функции, но засега Ахмети не го дава својот шеф на кабинет.