Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, вечерва остро реагираше на информациите што ги објави порталот Алмакос дека тој отворено ќе лобира Никола Димитров да биде консензуален кандидат на ДУИ и СДСМ. Во изјава за МКД.мк Груби вели дека ваквата информација е лажна вест и очајна платеничка пропаганда.
„Мојот единствен фаворит за претседател на држава, премиер, претседател на Собрание, претседател на ДУИ и лидер на Албанците, бил, е и ќе биде Али Ахмети. Се друго се лажни вести и очајна платеничка пропаганда”, ни изјави Груби.
Порталот, повикувајќи се на извори од партијата, објави дека Артан Груби отворено е за претседателската кандидатура на Никола Димитров, актуелниот министер за надворешни работи, а заедно со Миле Зечевиќ, организациски секретар на СДСМ, по денешната средба на претседателите на СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, добија задача оваа недела да најдат заеднички кандидат.