662
Првиот вицепремиер Артан Груби во денешно телевизиско гостување рече дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во 2020 година кога се преговараше за преземање на владата од ВМРО ДПМНЕ на ДУИ им предложил две години премиер да биде Албанец.
Ова сегашно раководство на ВМРО ДПМНЕ нудеше една, а потоа и две години Албанец премиер само да отидеме во влада со нив во 2020 година. Понудата беше испратена преку негов многу добар пријател по СМС, во разговори, но и по други канали. Мицкоски нема проблем ни со Албанците, ни со Бугарите, проблем е само со власта, рече Груби.