Сѐ уште ја немаме конечната пресметка на направената штета во МНТ, но факт е дека штета има. Полицијата направи увид, станува збор за исечен тапацир на столиците, откоранти орнаменти и шипки, расклатени столици… Сепак, тоа беше маса на народ, над 700 луѓе- за ,,Фокус” појаснува Симона Угриновска, директорка на МНТ, по настанот во петокот, кога навивачката група Шверцери присуствувала на настан, проекција на документарен филм за 30 години постоење на Шверцери.
Видео снимки од настанот се појавија на социјалните мрежи, на кои се гледа дека навивачите скандираат, удираат по столиците, пеат и се однесуваат како на спортски натпревар, а не на културен настан во установа за чија изградба беа потрошени околу 40 милиони евра.
-Се работеше за два настана во организација на Владата и никој не очекуваше вакво нешто. Првиот дел помина во најдобар ред, свечена академија и одбележување на Денот на албанската азбука, а потоа започна вториот, за кој пратеникот Артан Груби беше координатор и ме извести дека се работи за проекција на документарен филм за Шверцери. Посетителите си влегоа културно во театарот, а тоа што се случи потоа беше голем шок.
Додава дека поради многубројниот народ, обезбедувањето и полицијата биле немоќни.