Груби: Логично е да коалицираме со СДСМ, но Зибери да биде премиер

by Фокус

Подготвени сме за соработка со СДСМ, но само ако Насер Зибери е премиер, рече Артан Груби од ДУИ на Кана 5.

-Остануваме на ставот дека логично е да коалицираме со СДСМ. Тие имаат 46, ние 13 пратенички мандати, така да има мнозинство да се избере влада и стабилно владеење, затоа што ДУИ е стабилен партнер. ДУИ не е авантуристичка партија што ги менува партнерите на секои 3 дена – изјави Груби.

Тој посочи дека освоиле македонски гласови, како што Зоран Заев и Христијан Мицкоски добивале албански гласови.

-Ние ѝ се обративме на македонската етничка заедница, тие знаат дека државата е најсигурна во рацете на Ахмети и ДУИ. Покажавме дека сме најконструктивна партија од 2002 година до денес и сме чувари на евро-атлантскиот пат. Кога сите дигнаа раце од преговорите со Грција, ДУИ одржуваше врски со Атина, Ахмети трипати ја посети Атина – рече Груби.

Поврзани новости