Груби: Лажна вест е дека има обвинение за Ахмети

by fokus

Вицепремиерот Артан Груби тврди дека неговиот партиски лидер, Али Ахмети, не е обвинет од Хашкиот суд и дека информациите за вакво обвинение од Хаг се „лажни“.

-Лажна вест е дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, е обвинет од Хашкиот суд. Ахмети е коосновач на НДК и ОВК, поддржувач на владеењето на правото, неселективна правда и тоа секогаш го докажувал, дури и во случајот на последното сведочење во Приштина, напиша Груби на неговиот официјален фејсбук профил.

-Нарачителите на лажните вести, кои сакаат да им наштетат на ОВК и на Албанците, да се воздржат од клевети затоа што ниту минатото, ниту денешнината, ниту утрешнината нема да им простат, напиша Груби.

Порталот „News33“ објави дека за Ахмети Специјалниот суд во Хаг поднел обвинение против Ахмети, повикувајќи се на неофицијални информации.

Специјалното обвинителство на Косово соопшти дека Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи од синоќа се ставени во притвор на специјализираните совети на Косово во судот во Хаг.

 

Поврзани новости