381
Вицепремиерот Артан Груби рече дека градоначалниците на Тетово и на Чаир го поканија Курти и ја одржаа агендата само поради политички поени за себе и партијата, иако посетата на косовскиот премиер е добредојдена.
„Се знае дека тие не може да изградат автопат до Призрен, тоа е работа на Владата, ниту пак го смениле името на улицата во Чаир, зашто тоа е надлежност на град Скопје“.
Груби рече и дека не е дозволиво да се игнорираат националните симболи на државата на дочекот на Курти во Тетово.