Артан Груби – поранешниот вицепремиер во македонската Влада реагираше на инцидентот со кој се соочи косовската претседателка Вјоса Османи на скопскиот аеродром и побара прошка од Косово.
Груби на Фејсбук напиша „Косово, прости ни“.
„Од господар до станар, од одлучувач до вазал, од горд до домашен миленик, од достоинствен до безрбетен, од белолик до груб, од учен до неук, од храбар до кукавица, од владетел до слуга, од победник до победен, од Европа и од Америка во Русија и Србија, од Али Ахмети до Иван Стоилковиќ“, напиша тој во објавата.
Министерството за внатрешни работи на Македонија соопшти дека инцидентот на скопскиот аеродром, во чиј центар била претседателката на Косово, Вјоса Османи, се случил затоа што сакала да помине без да и бидат проверени телефонот и багажот.