Груби кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Вие се крстите на Груевски и Мијалков!

by Fokus

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ знае што е корупција и сакаат само поради тоа да дојдат на власт, ова денеска го истакна вицепремиерот Артан Груби на собраниската седница за пратенички прашања.

Како што додаде Груби кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, тие со воодушевување гледаат во, како што рече, нивните идоли – Никола Груевски и Сашо Мијалков.

„ВМРО ДПМНЕ е мајка, татко, дедо и баба на корупцијата. Лоповлук од прв до последен. Затоа знаат каде е медот да ги вметнат рачињата и бараат да дојдат на власт. Медот им е останат во мерак. Вие се крстите на Никола Груевски и Сашо Мијалков“, рече Груби.

Поврзани новости