Вицепремиерот Артан Груби денеска пред медиумите рече дека сите пратеници кои биле доведени во заблуда од своите партиски лидери ќе се приклучат во новото парламентарно мнозинство во наредниот период.
Ситуацијата е стабилна, Македонија е безбедна на патот до ЕУ кој е загарантиран и сум убеден дека пратениците беа ставени во заблуда од два-тројца партиски лидиери. Сите тие пратеници кои се определиле да ја видат нашата држава во ЕУ ќе се приклучат. Тоа значи дека решението е сите тие пратеници и политички партии кои поддржуваат европска Северна Македонија треба да се приклучат кон оваа Влада“, рече Груби.
За пратеникот Кастриот Реџепи рече дека се издигнал и се надминал себе си со тоа што одлучил да не му се приклучи на опозицискиот блок.
– ДУИ нема вршено притисок над ниту еден пратеник, туку многу беа изманипулирани кога се потпишаа на иницијативата без да знаат дека се против евроинтеграцискиот процес, додаде Груби.