Груби: Ќе има премиер Албанец

by Fokus

Првиот вицепремиер Артан Груби изјави дека албански премиер во последните 100 дена од владата ќе има бидејќи како што вели за тоа има јавен договор, истакна тој во интервју за Косовапрес.

„Тие се обврзаа јавно и не верувам дека која било  албанска политичка партија, би имала храброст да не гласа за кандидат Албанец  прв пат да биде избран за премиер во нашето Собрание со гласови во Собранието.  Значи, не гледам посебен предизвик ниту за ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи и тие се подготвени да гласаат за премиер Албанец  во оваа држава, особено во последните 100 дена од оваа влада.  Оваа иницијатива е повеќе од симболична, да беше само еден ден ќе беше симболична, но 100 дена не се малку пред избори, секако има уште 60 дена по изборите до изборот на новата влада“, истакна Груби.

 

Поврзани новости