Груби: Избори на 11 декември е единствен можен термин

by fokus

Разликите се минимални, тие можат да се надминат и денеска да постигнеме конечен договор, изјави Артан Груби од ДУИ, пред почетокот на денешната рунда преговори помеѓу политичките партии потписнички на Договорот од Пржино во Клубот на пратеници, јави Мета.

– Разговорите се одвиваат во конструктивна атмосфера. Разликите се многу минимални и сме блиску до договор. Се надевам дека договор ќе постигнеме денеска или најдоцна утре, а единствената можна дата за избори оваа година е 11 декември – рече Груби.

Поврзани новости