Груби: Или сте за или сте против Европа

by Fokus

Нема повеќе време, ниту простор за калкулации и измами. Или сте за Европа или сте против. Нема простор за средна зона, бидејќи нема друга алтернатива, порача првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, повикувајќи ги сите да се придружат на, како што рече, прогресивното мнозинство „на патот за Европска алијанса“.

–  Дојдете сите заедно. Албанци, Македонци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци, политички партии, граѓанското општество, медиуми, креатори на јавното мислење, академскиот свет и сите граѓани. Дојдете на првата линија на европско-македонскиот фронт, повика Груби, во своето воведното обраќање на денешната конференција „Година на нови можности“ во организација на Владата.

Поврзани новости