Првиот вицепремиер Артан Груби денеска информираше дека со премиерот Зоран Заев разговарале за ситуацијата со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, при што, посочи тој, одлучиле заедно да ги разгледаат извештаите од медиужите и изјавите од страна на вработените во врска со употребата на албанскиот јазик и присуството во институцијата на сопругот на директорката Билјана Јовановска.
-Ќе разгледаме заедно, да го видиме тврдењето на сите овие тврдења на медиумите и на вработените и потоа секако ќе се преземат мерки за таквото однесување. Нејзиниот сопруг не работи во таа институција и нема што да бара, а особено не може да дава насоки за други вработени во Пензискиот фонд – рече Груби.
Воедно, Груби го повика директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците Фатмир Исени да се позанимава со ова прашање, но од таму велат дека се уште не може да постапува на терен бидејќи инспекторите се во фаза на лиценцирање.