Груби и Рама на средба во Тирана без маски

by fokus

Вицепремиерот Артан Груби на фејсбук сподели фотографии и информација за неговата средба со премиерот на Албанија, Еди Рама. На фотографиите се забележува дека ниту Груби, ниту Рама не носат маски.

Груби појасни дека Рама во Тирана го пречекал со интересна порака, односно на лист напишал: htpps: //census.stat.gov.mk, односно електронската адреса на Државниот завод за статистика за попишување во странство.

-Почестен за овој братски прием од страна на г. Еди Рама со кого разговаравме за билатералните односи меѓу Северна Македонија и Албанија, но и за спорот што во последните месеци е реактуализиран меѓу РСМ и Бугарија, но без да заборавиме да поразговараме и на темата за интеграција на нашите земји во Европската Унија.

Разменивме мислења и за Коридорот 8, проект за кој г. Рама рече дека во Албанија тоа е владин приоритет бидејќи е во интерес на земјата, но и на целиот регион. Во оваа прилика го информирав албанскиот премиер дека и во Северна Македонија се работи на што поскоро завршување на изградбата на овој коридор.

Со г. Рама разговаравме и за важноста на процесот на регистрација на ДИАСПОРАТА каде што во оваа прилика г. Рама апелираше до дијаспората на РСМ да одговори што е можно повеќе на процесот на регистрација, бидејќи со оваа акција тие исполнуваат морална и национална обврска, напиша Груби.

Поврзани новости