Груби го жали Ахмети: Кога тој побарал функција?

by Fokus

Греота е од бога да му го направите ова на Али Ахмети, изјави Груби пред граѓаните на Чаир во Албанскиот театар порачувајќи дека е потребно единство и помирување кај интегративците кои ги тресе раздор со оформувањето на „огнената група“.

„Сега кога сме во највисокото ниво на владеење на единство на Албанците, аздисуваме, велиме тргнете го тој ставете друг, греота е од Бога се колнам. Греота е за секој од нас, да не зборуваме за Али Ахмети. Кога Али Ахмети сакал функција, кога тој посакал да стане претседател на Собранието, Премиер или Претседател на државата“, вели Артан Груби, објави ТВ21.

Груби дури рече дека на интегративците им треба единство и дека подава рака за помирување.

„Од оваа говорница велам, на нас ни е потребно единство, потребно ни е помирување, треба да стоиме зад Али Ахмети и нашата рака останува подадена за смирување“, додава Артан Груби.

Средби со граѓаните денеска имаше и „огнената група“ на ДУИ. Од таму порачаа дека не сакаат раздор, туку ДУИ да се врати на корените.

Поврзани новости