547
Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, синоќа го известил Артан Груби за иницијативата за свикување на парламентот, кој неодамна се распушти и распиша избори, што подоцна се одложија поради корона кризата. Но, како што вели Груби во Клик Плус на ТВ 21, ДУИ се уште нема став бидејќи не ја знае за содржината на иницијативата на СДСМ.
-Од СДСМ ме известија за иницијативата, но не и за содржината. Вчера во 22:10 телефонски ме контактираше координаторот на пратеничката група на СДСМ за да ме извести дека има иницијатива за свикување на Собранието, но не и за содржината на истата. Затоа ние и натаму немаме партиски став, и не знаеме за каква иницијатива станува збор – рече Груби.