Се надевам дека по десет години од владеењето на Ѓорге Иванов како претседател ќе видиме попозитивни времиња, во кои цела држава со сите капацитети ќе бидат ориентирани кон Запад и дека ќе се успее час поскоро да се добие датум за отпочнување преговори со Европската Унија и да го заокружиме целосното членство во НАТО, истакна Артан Груби од ДУИ по инаугурацијата на новиот претседател Стево Пендаровски.
По изјавата на Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ дека за поддршката кон Пендаровски ДУИ ќе испорачува фактури до СДСМ, Груби рече дека најголемата фактура е победата на нивните политики за консензуалност.
-Пендаровски е наш кандидат и сметаме дека сме пресуден и одлучувачки фактор во неговата победа и нема зошто да испорачуваме фактури за наш кандидат кој победи на овие избори – рече тој.