Груби добил две опомени за злоупотреба на службените возила, се чека Џафери да одлучи каква мерка ќе изрече

by Fokus

Артан Груби добил две опомени за злоупотреба на службените возила, рече Вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска.
Таа појасни дека сега се чека одлука од премиерот Џафери, за тоа каква мерка ќе биде изречена.

Грковска вели дека како предупредување испратиле отворено писмо до јавноста и до сите политички субјекти дека треба да водат сметка за јасно разграничување на партиските и државните активности и да нема злоупотреба на државни ресурси и капацитети за време на политичката кампања. Само кога сме добиле докази и аргументи дека функционерите го прекршуваат етичкиот кодес тогаш сме постапиле неселективно вели таа.

„Кога станува збор за опомените за користење на службените возила, освен во еден слулај, видлива е промената дека се внимава, уште повеќе што во нашиот Кабинет се јавуваат функционери за да се консултираат, дали доколку постапат некако и тие би го прекршиле етичкиот кодекс. Само за случајот со Артан Груби, сме дошле до ситуација, заради две опомени за прекршување на етичкиот кодекс, да испратиме допис до премиерот, кој што треба да одлучи која е мерката што ќе ја изрече. Треба да се најде законско решение“, кажа Грковска.

Пред две недели, ВМРО-ДПМНЕ упати критики и побара реакција од надлежните откако, како што велат, вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ вршел партиски работи со службеното возило.

Поврзани новости