Првиот вицепремиер и висок функционер на ДУИ Артан Груби смета дека на локалните избори потребна е промена на градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари поради, како што вели, лошото менаџирање.
-Ниедна друга општина нема толку потреба од промени како Гостивар поради лошото менаџирање во овие 4 последни години и гледаме секојдневни барања на секој граѓанин од Гостивар за да се направи потребната промена и за враќање на потребниот пат – изјави Груби за ТВ 21.
Таравари, пак, реагира дека работел подобро од сите други општини со кои раководи ДУИ.
-Не не споредувајте само со Тетово. Соберете 4, 5 општини, Чаир, Тетово, Дебар, Кичево, Струга, и споредете ги со работите што се направени во Гостивар, бидејќи не сакаме само со една општина да се споредуваме – изјавил Таравари.