511
Пратеникот од редовите на ДУИ, Артан Груби не го криеше задоволството од конечниот епилог на уставните измени, кои денеска се изгласаа во Собранието. Тој се заблагодари на сите кои учествуваа во овој процес, кој траеше подолг период.
„Апсолутно сме посилни заедно. Би сакал да се заблагодарам на сите кои придонесоа за овој извонреден успех на мојата земја. ЕУ и НАТО – доаѓаме“, кратко истакна Груби.