681
Откако СДСМ веќе ја демантираше објавата на Канал 5 дека постигнале договор со ДУИ за влада кој вклучува поделба на премиерскиот мандат, се огласи и Артан Груби од ДУИ, кој истакна дека албанската опозиција лиферува лажни вести.
-Постојаните лажни вести произведени од албанската опозиција ги поткопува преговарачките позиции на ДУИ. Тие прават се за да ја избегнат одговорноста во своите редови поради неуспехот на изборите и измамата што ја направија кон граѓаните – рече тој за Коха.