Првиот вицепремиер Артан Груби на Сител истакна дека лидерот на ДУИ Али Ахмети бил повикан во Хаг како сведок.
-Поканата дојде преку нашето обвинителство, на поканата пишува во кое својство е поканет – во својство на сведок за неговата улога како основач на ОВК и како еден од коосновачите на народното движење на Косово за периодот од 1998 до 2000 година. Само во овој период и за тие активности. Во целото испрашување нема прашувано за било какви други активности во Македонија или во било која друга земја. Се однесува во својство на сведок само за околностите во Косово 98/00 и толкав е и мандатот на специјалното обвинителство на Косово – рече Груби.
Тој истакна дека ова владејачко мнозинство на СДСМ и на ДУИ планира да го истера целиот мандат. Според него, прмиерот што ќе го замени Зоран Заев сто дена пред следните парламентарни избори во 2024 година ќе биде поалитички, а не технички.