Груби: Ахмети ќе претстави 18 кандидати за градоначалници, очекуваме сите да бидат победници

by Fokus

Утре ќе се одржи централно претседателство во Гостивар каде претседателот Али Ахмети ќе претстави 18 кандидати за градоначалници за 18 општини и очекуваме сите тие да бидат победници. Сите тие имиња се проверени на бројни анкети и ја имаат поддршката од сите граѓани во нивните општини, рече денеска Артан Груби на промоцијата на новата ипрватна инвестиција за реновирање на Бит пазар.

Одговарајќи на новинарско прашање што мисли за кампањата на противничките политички партии Груби рече дека коалицијата ВМРО-ДПМНЕ – АА-А е коалиција на поделби, не е коалиција на заедништво, коалиција на Скопје 2014, не Скопје заедничко наше.

-Едвај чекам да го видам денот кога сите гласачи на Алијансата со цело свое срце, со цел тој ентузијазам, со цела таа љубов ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски и Христијан Мицкоски, и обратно сите тие патриоти на ВМРО-ДПМНЕ, сите тие кои што влегоа на 27 април во Собранието, сите што го поддржуваат Скопје 2014 ќе гласаат со големо убедување и цело срце за Зијадин Села и Алијансата. Едвај чекам да го видам 17 октомври, рече Груби.

 

Поврзани новости