420
Под паролата: “Никој не смее да го узурпира светото име Македонија” утре се очекува на протест во Солун да излезат илјадници граѓани на соседна Грција. За поголема масовност, грчките медимуи пишуваат дека се откажани сите спортски натпревари за утре.
Барањата се исти како и во 90те години кога цела Грција се крена за да бара екслузивност на името Македонија и наследството на Александар Велики.
Тогаш, во 1992 година, во националистичкиот балкански контекст, насекаде можеше да се чуе слоганот “Македонија е грчка” и на протестот се собраа над милион демонстранти во Солун. Или секој десетти Грк.