351
Уште од осум часот изутрина почнаа да пристигнуваат автобуси во Атина за протестот „Македонија е грчка“ на плоштадот Синтагма.
Според пишувањата на грчките медиуми, се очекува во Атина да пристигнат повеќе од 1.500 автобуси и да се соберат еден милион Грци.
Грчката полиција подготвила план за безбедност, ќе бидат поставени бариери, а 19.000 полицајци ќе го обезбедуваат протестот.