Грците објавија кога би можел да се одржи натпреварот меѓу Динамо и АЕК, откако УЕФА го одложи по инцидентот во кој загина навивач

by Fokus

Динамо вечерва во Атина требаше да го одигра првиот натпревар од третото прелиминарно коло во Лигата на шампионите против АЕК, но натпреварот беше одложен по големите нереди во кои животот го загуби  грчки навивач. И покрај забраната, навивачите на Динамо отпатуваа за Грција и ноќта пред натпреварот ги нападнаа навивачите на АЕК пред стадионот.

УЕФА го одложи натпреварот, но се уште не објави нов датум. Динамо денеска со авион се враќа во Загреб. Грчките медиуми пишуваат дека првиот натпревар воопшто нема да се одигра оваа недела, туку Динамо и АЕК ќе ги сменат домаќините. Така Динамо според планираното ќе биде домаќин на првиот меч на 15 август, а реваншот треба да се одигра три-четири дена подоцна во Атина.

Ваквиот план би довел и до одложување на првенствените натпревари на 19 август меѓу Динамо и Вараждин и АЕК и Панаитоликос. Да потсетиме, подобриот од дуелот меѓу Динамо и АЕК во баражот оди кај белгиски Кралски Антверпен. Натпреварите од плеј-офот ќе се играат на 22 и 30 август.

Поврзани новости